Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија ремизираше против Италија, на вториот контролен меч одигран во Турција
Македонија ремизираше против Италија, на вториот контролен меч одигран во Турција

Македонија ремизираше против Италија, на вториот контролен меч одигран во Турција

Македонската ракометна репрезентација го одигра и вториот контролен натпревар во Турција. После вчерашниот триумф против домашната селекција, денес избраниците на Данило Брестовац ремизираа со репрезентацијата на Италија (26:26).

Во првото полувреме и двете репрезентации имаа свои периоди. На стартот Италија стигна до водство од три гола разлика, но како одминуваше првиот дел, Македонија играше се подобро, па во еден момент стигна и до предност. На полувреме се замина без водство на двете селекции, на семафорот по 30 минути игра стоеше резултат 12:12.

Во второто полувреме, Италија најпрво се одлепи на три гола разлика, а во 45 минута имаше и највисоки 22:17. Во тој момент, Брестовац побара тајмаут, по што започна добра серија на нашата селекција, која до крајот се погрижи да не биде поразена, односно натпреварот заврши со нерешен резултат 26:26.

Поранешниот вардаррец, Мартин Поповски беше најефикасен со 8 голови, додека од вардаровите ракометари, во листата на стрелци се запиша Димитар Димитриоски кој постигна 2 гола. На голот, Томовски имаше 10 одбрани, додека младиот Кизиќ една интервенција. Во стручниот штаб на репрезентацијата се наоѓа Александар Царчев.