Клубот реши да ги суспендира Македонските репрезентативци Дејан Манасков и Стојанче Стоилов, кои беа вмешани во инцидент, кој се случи во рано наутро во вторникот. Така овие двајца играчи нема да бидат дел составот за претстојните два натпреаври во сеха-лигата и оној во ЛШ, против екипата на Рајн-Некар.
-Поради прекршување на правилата на однесување, а согласно Дисциплинскиот правилник на клубот, играчите Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се казнети со двонеделена суспензија. Тие во овој период ќе тренираат со вториот тим на Вардар, а клубот реши истовремено и парично да ги казни. Двајцата играчи доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кои биле инволвирани. Било констатирано прекршување на клупската дисциплина, поради што истите се санкционирани, се вели во клупското соопштение.