Екипата на РК Вардар напорно се подготвува за новата сезона, а на тренинзите на тимот се приклучи и Дејан Манасков.
Македонскиот репрезентативец пристигна од екипата на Веспрем и ќе биде замената за Дибиров, кој после девет години се реши да го напушти Скопје и да се пресели во Загреб. Манасков ќе дебитира во црвено-црниот дрес на турнирот во Струга, кој на програмата е од 16-20 август.