Sunday ,12 July 2020
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвенковска и Маневски заминуваат од Вардар, КЛ7 е нивниот нов предизвик
Црвенковска и Маневски заминуваат од Вардар, КЛ7 е нивниот нов предизвик

Црвенковска и Маневски заминуваат од Вардар, КЛ7 е нивниот нов предизвик

По напуштањето на Сергеј Самсоненко од ракометниот клуб и превземањето од страна на старо-новиот сопственик Михајло Михајловски, секако дека клубот ќе претрпи и промени .

Долгогодишниот физиотерапевт на РК Вардар, Димитар Маневски и Билјана Црвенковска се селат во екипата на КЛ7, која во новата сезона ќе биде дел од најсилната Супер Лига.

Маневски долго време е дел од спортскиот колектив Вардар, откако претходно има работено и во фудбалскиот тим, а со доаѓањето на Самсоненко, Маневски премина во ракометниот тим, лице кое беше задолжено за здравјето на играчите.

Билјана Црвеновска и првиот женски тренер во машката ракометната Лига на Шампиони, која успеа да освои Европска титула, како помошник на Гарсија Парондо, а оваа сезона беше дел од стручниот штаб на ЖРК Вардар.

Црвенковска ќе биде помошник тренер на Андон Бошковски, а истовремено ќе ја преводи кадетската и младинска екипа на КЛ7.