Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марсениќ прогласен за играч на натпреварот, во нерешениот резултат на Србија и Австрија
Марсениќ прогласен за играч на натпреварот, во нерешениот резултат на Србија и Австрија

Марсениќ прогласен за играч на натпреварот, во нерешениот резултат на Србија и Австрија

Нерешен резултат на вториот контролен натпревар за репрезентациите на Австрија и Србија, во рамките на ЕХФ неделата.

Австрија многу подобро го започна натпреварот и по пет минути игра поведе со 5:2. Сепак до крајот на првото полувреме гледавме една сосема поинаква репрезентација на Србија која за кратко време успева да го израмни резултатот на 7:7. Се постигнуваа многу голови, а избраниците на Цветковиќ имаа постојана предност која во 23 минута изнесуваше три гола разлика (15:18). Беше и 16:20 за оваа позитива да се одржи се до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 20:23.

Австрија се обиде да се врати во натпреварот, но Србија го имаше одличниот Мијајло Марсениќ кој го одржуваше водството на својата селекција. Србија беше многу поблиску до победата, кога во 43 минута имаа највисоки шест голови разлика ( 25:31). Поради лошата организација на нападите и пред се одбраните на голманот на Австрија, Кристијан Пилиповиќ следи резултатски пресврт, па Австрија во 52 минута имаше само еден го негатива (22:23). Во последните пет минути, Србија влезе со предност од 33:36, но во неизвесна завршница мечот заврши со нерешен резултат од 38:38.

За играч на натпреварот е прогласен пикерот на Вардар, Мијајло Марсениќ кој го заврши натпреварот со 7 постигнати голови, со што беше втор најдобар стрелец во својата селекција. На првиот меѓусебен дуел славеше селекцијата на Србија.