Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Александар Мазниковски: “Јуниор лигата“ ми го исполни сонот да бидам дел од РК Вардар
Александар Мазниковски: “Јуниор лигата“ ми го исполни сонот да бидам дел од РК Вардар

Александар Мазниковски: “Јуниор лигата“ ми го исполни сонот да бидам дел од РК Вардар

Големиот проект на ракометниот клуб Вардар, “Јуниор лигата“ ги исполни првобитните  очекувања на сите школи кои во дебитанската сезона кои беа дел од оваа лига, а ги имаше повеќе од 20-сетина кои се натпреваруваа во различни возрасни генерации. Целта на еден ваков проект е да се зголеми интересот на младите за ракометот и секако најдобрите да бидат дел од младинските категории на РК Вардар. Токму таков е случајот со Александар Мазниковски кој во новата сезона ќе игра за младинците на Вардар. Инаку игра на позицијата лево крило и треба да претставува големо засилување за екипата, која ќе се бори да стане шампион во младинската лига.

-Ракомет почнав да играм на 10 годишна возраст. Почнав да тренирам во екипата на РК Преспа, кај тренерот Иван Ангелковски. Повеќето другари од мојот клас тренираа ракомет, па решив да пробам и јас. Уште од првиот тренинг го засакав овој прекрасен спорт. Јас лично мислам дека јуниор лигата е еден одличен проект кој на младите им дава одлична можност за докажување и исполнување на нивните соништа. Јуниор лигата ми остави добри впечатоци и истата ми помогна да го исполнам мојот сон, односно да заиграм за екипата на РК Вардар.

Во дебитанстката сезона на “Јуниор лигата“, Александар беше дел од школата РК Преспа, кај генерација родени 2000 година.

-Првата сезона во “јуниор лигата“ во која настапував за екипата на РК Преспа помина добро. Од моите настапи во лигата сум многу задоволен, на секој натпревар го давав својот максимум за екипата, но од резултатите на екипата не сум задоволен бидејќи не успеавме да се пласираме на завршниот турнир, но убеден сум дека можевме а и моравме да стигнеме многу подалеку.

Добри игри во текот на целата сезона беа препознаени од тренерот Слободан Чивлачки, кој му пружи шанса во новата сезона да биде дел од младинскиот состав на Вардар.

-По моите добри настапи во “Јуниор лигата“ очекував да добијам повик за настап во младинските категории на РК Вардар. Еден ден тоа и се случи, добив повик од тренерот Слободан Чивлачки кој ми кажа дека сум избран да настапувам во младинските категории на РК Вардар. Ова има големо значење за мене, и се надевам дека во наредната сезона заедно со моите соиграчи ќе направиме големи успеси, изјави Александар Мазниковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски