Вардар го доживеа првиот пораз годинава во ЕХФ Лигата на Шампионите и тоа на гостински терен кај “фенерџијата“ Колдинг. Нашите момци беа поразени 33-31 по лошата игра во одбраната со примени 31 гол, голманите имаа по одвај две одбрани на своето конто Диви и Џамбо. Очигледно фалеше Џинот на црвено-црниот гол Штербик кој најчесто и кога не е во форма за 60 минути има двоцифрен број одбрани.
На почетокот на првиот дел Гонзалез се одлучи за Диви на голот, а во првата акција кога тргнавме во напад составот беше Дибиров и Шишкарев на крилните позиции, Тоскиќ на пикерската и на трите бековски позиции беа Македа, Карачиќ и Горбок кој го даде првиот гол за 0-1 и отварање на мечот. Домаќините имаат мала мини серија 4-2 и успеваат од гол негатива за нив да го свртат резулатот на гол предност 4-3. Веќе во следната акција Карачиќ со својот прв гол на дуелот прави резултатска симетрија на семафорот 4-4. Во следните 5 минути по три гола во двете мрежи и во 12 минута резултатот на семафорот е 7-7, во тој момент стапува на сцена Тимур Дибиров кој погаѓа двапати едно по друго. Раул решава да го замени Диви и го внесува на голот Џамбо кој за жал во првите два обида не успева да одбрани, на средината од првото полувреме во 15 минута имаме 0 (нула) голмански одбрани, очигледно фали Штербик во овие моменти. Конечно минисерија на црвено-црните 2-4 и конечно поведуваме првпат со 2 гола, во 18 минута Тимур стрела за 9-11. Во следните пет минути примаме два погодока, и даваме исто толку преку Македа и Дибиров кој атрактивно со цепелин поггодува во 23 минута резулатот е 11-13, нашата игра до овој дел од мечот во нападот е во ред но одбраната потфрла, а особено е проблем немањето ниедна голманска интервенција до овој дел од дуелот. Судиите ги исклучуваат по еден играч од двата тима Јоргенсен кај домаќинот и Карачиќ од нашиот табор. Следи лош период за нашите момци домаќинот прави серија 4-1 и Колдинг поведува 15-14 во 28 минута, веднаш Конзалез повикува тај-маут да се обиде да го спречи падот на црвено-црните. За жал проблемот се продлабочува Колдинг првпат поведува со 2 гола 16-14, храброста на нашиот Игор Карачиќ се виде во следната акција тој фуриозно влегува низ домашната одбрана изнудува 2 минути исклучување и седмерец кој го погодува Македа. До крајот останаа 30сетина секунди кој домаќинот ги трошеше максимално и постигна гол за 17-15 со играч помалку во последните секунди од првиот дел.
Почнува вториот дел првпат на теренот годинава во ЕХФ Лигата на шампионите е капитенот Филип Лазаров кој намалува на 17-16. Во петата минута во вториот дел со серија 1-3 ја стопивме предноста на домаќинот 18-18, со голот на Македа изедначивме, а влијание на серијата имаше и првата одбрана на Диви. Најдобар поединец на теренот во црвено-црниот табор е Македа кој единствено не држи во резулатски приклучок. Домаќините враќаат исто така со серија 3-1 , сега они поведуваат два погодока во 10 минута од вториот дел 20-18. Во продолжение по еден гол на двете страни за нас стрела Шишкарев, црвен картон добива најдобриот играч на домаќинот Јоргесен по досуденото 3-то исклучување. Во следните пет минути како по некое правило идентично по два гола на двете страни во 15 минута во вториот дел резултатот е 24-22. Лацковиќ го постигнува својот деби гол Вардар намалува на 24-23, а Милиќ во пдодолжение брани пенал. Пак домаќините погаѓаат двапати по ред, а ние два напада грешиме 26-23 на семафорот 20-сетата минута. Кај црвено-црните две исклучувања домаќините ги користат и дават два гола а примаат еден и одат на најголеми 4 предонст 28-24 во 22 минута од вториот период. Во продолжение игра гол за гол на двете страни на 4 минути до крајот резулатот е 31-27. Во продолжение за само 60 секунди погаѓаме двапати за надеж и 31-29. Докрајот по два гола на двете страни крајниот резулат е 33-31.
Најдобри стрелци кај РК Вардар беа : Тимур Дибиров и Хорхе Македа со по 7 постигнати голови.