Викендов на програмата е четвртото коло во машката ракометна Супер лига, во истото нашиот млад црвено-црн тим екипата на РК Вардар Јуниор е домаќин. Ние во спортско рекреативниот центар “Кале“ ќе го пречекаме градскиот ривал екипата на РК Работнички. Дуелот е закажан за во сабота на осми октомври.
Избраниците на Стојан Петрушевски овој дуел им е голема прилика за впишување на првите суперлигашки бодови оваа сезона. Во досегашните три кола подмладениот тим на Вардар јуниор трипати беше поразен, сепак се работи за млади ракометари кои првпат играт во најквалитетното натпреварување одкако поголем дел од ростерот заедно со Петрушевски беше прекоманудван од Вардар-2 во Вардар Јуниор. Нашите противници исто така се без бодови по првите три кола и се погоден противник за триумф. Следното петто коло на програмата е веќе во среда, на 12-ти октомври. Во тој дуел ние ќе гостуваме кај РК Охрид 2013, во истоимениот град.