Само по два дена откако беа објавени термините за натпреварите од завршниот финален Ф-4 турнир во регионалната СЕХА Гаспром лига, раководството на регионалното натпреварување објавија дека се направени одредени измени. Станува збор за измени при одигрувањето на 1/2-финалните дуели.
Сатниците на двата 1/2-финални натпревари ќе останат исти, сепак првиот дуел во С.Ц „Јане Сандански“ ќе го отвори бранителот на титулата РК Вардар кој ќе се сретне со Мешков Брест. Тој меч ќе се игра во 17.45 часот, апак вториот дуел меѓу ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко ќе се одигра во 20.15 часот. Нема измени кај термините за дуелот за третото место и големото финале, тие се на програмата на 15 април со почеток од 17.45 часот (дуел за “бронза„) , а натпреварот за титула е закажан за 20.15 часот.