Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Противникот на Вардар во групата А од ЛШ, Брест Мешков, означи старт на подготовките за новата сезона
Противникот на Вардар во групата А од ЛШ, Брест Мешков, означи старт на подготовките за новата сезона

Противникот на Вардар во групата А од ЛШ, Брест Мешков, означи старт на подготовките за новата сезона

Екипата на Брест Мешков која е еден од противниците на Вардар, во најсилната група А од Лигата на Шампионите, стартуваше со подготовките за новата натпреварувачка сезона. Шампионот на Белорусија доби нов тренер, во поранешниот стратег на Висла Плок и актуелен селектор на Аргентинската репрезентација, се работи за Маноло Каденас. Негов помошник ќе биде Раул Алонсо, додека за тренер на голманите е назначен словенецот, Роландо Пушник.

vardarfans-1

Брест Мешков направи промени и во играчкиот кадар. Од екипата си заминаа Стојковиќ, Мијатовиќ, Игропуло, Никуленков, Ѓукиќ, Продановиќ и Олег Астрашапкин. Нови играчи се  Дарко Ѓукиќ, десното крило кое доаѓа од тимот на Киелце, како и Сандро Обрановиќ кој дојде од Шамбери и десниот бек Шиме Ивиќ кој пристигна од тимот на Висла Плок.

vardarfans-3

Главниот дел од подготовките ќе го одбработат во Словенија, во периодот од 1-11-ти август. Од 17-19-ти август ќе бидат домаќини на турнирот “Кубок Белгазпромбанка“, на кој покрај Мешков, ќе настапат уште и екипите на Спартак Москва (Русија), Гранолерс ( Шпанија), и Макаби ( Израел). Вториот турнир на кој ќе настапат ќе биде оној со Стразбур, кој на програмата е во периодот од 23-26-ти август, на кој ќе настапи и тимот на Вардар. Во иста гррупа се токму екипите на Вардар, Брест Мешков и ПСЖ.