Тој во животот даде многу за РК Вардар, Михајло Михајловски е човекот синоним за ракометниот колектив Вардар. Нешто повеќе од три децении од својот живот ги мина со овој тим. Тој е во моментов почесен претседател, сосема одлична беше идејата да еден вака заслужен член на големото црвено-црно семејство Михајло Михајловски да ја слави европската шампионска титула со целиот колектив. Тој доби шанса да се обрати пред насобраната маса црвено-црни фанови на плоштадот “Македонија“. Какви се емоции и мислења има по освојувањето на врвот на Европа на неговото “чедо“ може да прочитатe во продолжение:
-Поздрав за сите Скопјани и Македонци кои сте тука. Пред два дена се чуствував горд како македонец и тоа е еден од моите најубави моменти во мојата долгогодиша спортска и спонзорска кариера. Ова што ние го направивме, неможе да се опише. Вардар е европски шампион, како што е Реал во фудбал, Фенербахче во кошарка, а Вардар од малата Македонија е шампион на Европа. дали сме свесни дека во два дена успеавме најпрво да ја победиме Барселона која е најтрофејна ракометна екипа, а утредента ПСЖ, кој важеше за благ фаворит и една од екипите со најголем буџет. Вардар го направи тоа и во еден ден забележа две големи победи. Ги паметам сите успеси на сите спортски екипи од Македонија, но денес има повеќе народ од било кога и кога бевме четврто место во кошарка и петто во ракомет.