Денес ракометниот клуб Вардар одржа прес-конференција, на која ги претстави новите дресови и ги истакна плановите за новата натпреварувачка сезона.
Претседателот на клубот, господинот Михајло Михајловски, пред медиумите се обрати и истакна вест за натпреварот од 1/4 финалето во СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб.
Михајловски истакна дека првиот 1/4 финален дуел од СЕХА кој е закажан за 26.август во С.Ц. Јане Сандански ќе можат да присуствуваат 1.000 гледачи, но само со почитување и исполнување на последните мерки кои ги донесе владата на Република Македонија.
При влез во салата освен лична карта ќе биде задолжително и поседување, приложување и проверка на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена,
Михајловски истакна дека клубот дополнително ќе се изјасни дали ќе можат да се набават посебни билети за овој натпревар, или ќе се влегува само со лична карта и горенаведените протоколи. Влезот ќе биде слободен.