На првиот собир на црвено-црните се појавија и новите засилувања, а еден од нив е и голманот, Дејан Милосављев. Репрезентативецот на Србија, кој има 22 години доаѓа од тимот на Партизан од Белград и треба да го замени Штербик на голот на Вардар. Се работи за млад перспективен чувар на мрежата, во кој србите гледаат иднина, квалитети кои треба да ги покаже и во таборот на Вардар.
-Го гледам Вардар на врвот исто како и досега, но ќе мораме тоа да го покажуваме од натпревар во натпревар. Очекувам да ја оправдам довербата која клубот ми ја укажа со ангажирањето. Свесен сум каде доаѓам, но ќе морам со секој нов меч да покажувам дека го заслужувам местото во овој клуб, истакна новото засилување на голманската позиција.