Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Милосављев повикан во репрезентацијата на Србија, за квалификациските дуели против Белгија и Швајцарија
Милосављев повикан во репрезентацијата на Србија, за квалификациските дуели против Белгија и Швајцарија

Милосављев повикан во репрезентацијата на Србија, за квалификациските дуели против Белгија и Швајцарија

Вардаровиот голмна, Дејан Милосављев доби повик во националната репрезентација на Србија. Новиот селектор на србите, Ненад Перуничиќ го објави списокот на ракометари, на кои ќе може да смета за претстојните квалификациски мечеви против Швајцарија и Белгија, за пласман на Европското првенство во 2020 година.

-Горд сум што го видов моето име на конечниот список на селекторот. Досега бев само дел од почетните 28 ракометари, а сега се наоѓам меѓу најдобрите. Која ќе биде мојата улога на овие натпревари ќе одлучи селекторот, а мени ми преостанува да го дадам максимумот и да продолжам со одличните натпревари кои ги имам во Вардар, истакна популарниот “банда„

Милосављев се наоѓа во одлична форма и по пет одиграни кола е втор најдобар голман во Лигата на Шампионите. Првиот меч, селекцијата на Србија ќе го одигра на 24-ти октомври на домашен терен против Белгија.