Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар Јуниор високо поразени од екипата на Македонија Ѓ.П.
Младинците на РК Вардар Јуниор високо поразени од екипата на Македонија Ѓ.П.

Младинците на РК Вардар Јуниор високо поразени од екипата на Македонија Ѓ.П.

Во спортскиот рекреативен центар Кале вечерва се одигра натпревар од машката младинска лига, помеѓу екипите на РК Вардар Јуниор и Македонија Ѓ.П. Противникот беше поуспешен забележувајќи убедлив триумф од 21:33.

Вардар добро го започна овој натпревар, каде на почетокот имаше водство од 2:0. Првиот гол гостинската екипа го постигнува во четвртата минута. По десет минути игра составот предводен од Пепи Манасков го одржуваше почетното водство за резултат 6:4. Од тие моменти започна големиот пад на црвено-црните, кои до крајот неможеа да се вратат во игра. Македонија Ѓ.П успева да направи неверојатна серија од 1:9, за нивна предност од 7:13. Овој период од играта на крајот се покажа како решавачки за конечниот победник. Правевме многу грешки во нападот, додека одбраната беше далеку од потребното ниво. По првото полувреме имавме негатива од 9:16.

14914663_1679967675647616_1800745289_n

Ниту вториот дел не беше подобар за Вардар, иако први постигнавме гол. Во еден момент речиси ја преполовивме негативата и намаливме на 14:18. Сепак повторно голем пад во нашата игра и нова серија на противникот од 1:4 за убедливи 15:22. На седум минути пред крајот, Македонија Ѓ.П стигнува и до двоцифрена предност од 18:28. Ниту во последните минути од дуелот не го поправивме впечатокот и загубивме со убедливи 21:33. Ова беше втор пораз во серија за младинците на РК Вардар Јуниор.

Најефикасен во нашите редови беше Никола Хаџидомовски со 6 постигнати голови.

РК Вардар: Стојчевски 1, Камчев 1, Јорданов, Овнарски 2, Јаховиќ 1, Барлаковски 3, Блажевски, Благопетров, Стојановски 1, Каимовски, Хаџидимовски 6, Давчев 3, Василевски, Тевдовски, Симевски 3.