Младинците на ракометниот клуб Вардар во текот на денешниот ден ќе се борат за петтото место на турнирот “Завидовиќки 2016“. Во својата група завршивме на третото место, забележувајќи две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Во текот на вчерашниот ден одигравме два натпревари на кои забележавме една победа и нерешен резултат.
Најпрво се сретнавме со екипата на Жепче, против која ремизиравме со резултат 15:15. На овој натпревар гледавме две различни полувремиња. Во првиот дел противникот беше подобар и на полувреме имаше високо водство од 5:11. Сепка во вториот дел, црвено-црните ги консолидираа своите редови, заиграа многу подобро што резултираше на крајот со нерешен резултат. Најефикасен на овој дуел беше Александар Стојчевски со 7 погодоци, додека Филип Николов постигна 4.
На вториот натпревар, беевме подобри од репрезентцијата на Црна Гора. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 21:15 во наша корист. За разлика од првиот меч, на овој дуел одигравме константно добро во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено победивме. Сепак остварените резултати беа доволни само за борба за петтото место на овој силен меѓународен турнир. На првиот натпреварувачи ден победивме против екипата на Никшиќ (24:23), додека бевме поразени во дуелот со селекцијата на БиХ (20:15).