Заврши првиот дел од сезоната во ракометното првенство на младинските категории. Екипата на Рк Вардар предводена од тренерот Слободан Чивлачки заврши на третото место на табелата во својата група. Грпата 1 ја сочинуваат седум ракометни екипи, а само првите две пласирани од двете групи ќе имаат можност да играат на завршниот турнир и да се борат за трофејот во младинското првенство.
Рк Металург 2 е убедливо најголем фаворит за првото место во оваа група, со оглед дека во овој тим настапуваат ракометари кои се многу повозрасни од останатите екипи. Од тука и супериорноста на тимот од Автокоманда во дуелите со противниците во младинската група. Црвено-црните освен двата порази на гостински терен, во Битола против Пелистер и во Автокоманда против Металург, останатите мечеви ги доби без поголеми проблеми.
Вкупно четири победи и два порази за оваа екипа во првиот дел од сезоната. Во пролетниот дел младите Вардарци ќе водат голема борба за тоа второ место, кое на крај ќе им овозможи да учествуваат на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Битолски Пелистер ќе биде најголемата пречка за остварување на посакуваната цел. Домашниот терен во тој дуел, би требало да биде наша најголема предност. Во другата младинска група 2, екипите на Рк Пролет и Рк Вардар Јуниор предводена од Петковски, имаат исти број на бодови и се најголеми претеденти за првите две места на крајот од регуларниот дел.
Сите резултати на екипата на Рк Вардар, во својата младинска група 1.
1 коло: слободни
2 коло: Вардар- Охрид 2013 37:32
3 коло: Пелистер- Вардар 36:22
4 коло: Вардар- Прилеп 28:25
5 коло: Металург 2- Вардар 54:20
6 коло: Вардар- Преспа 23:16
7 коло: Работнички- Вардар 21:31
Младинците на Рк Вардар настапуваа во следниот состав: Ставровски, Блажевски, Босиловски, Стојчевски, Чакалиќ, Николовски, Мишевски, Јаховиќ, Бабамов, Барлаковски, Овнарски, Хаџидимовски, Мицаноски, Давчев, Кочаров и Николов.