Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар и Пелистер ремизираа на отварањето на новата сезона во младинската лига
Младинците на РК Вардар и Пелистер ремизираа на отварањето на новата сезона во младинската лига

Младинците на РК Вардар и Пелистер ремизираа на отварањето на новата сезона во младинската лига

Вечерва во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра дерби натпреварот во младинската лига, помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Ова беше прво коло во младинската група 1. На крајот двете екипи ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 27:27.

Гостите од Битола подобро го отворија овој натпревар и во првите пет минути имаа предност од 1:3. Сепак набргу стигна и првото израмнување на овој меч 4:4. Пелистер го спсотигнува следниот гол, но нашиот состав враќа со два последователни гола, што значеше прво водство од 6:5. Во овие моменти добро функционираше нашата одбрана, што ни овозоможи да стигнеме и до два гола разлика 8:6. Ова водство го задржавме до последните пет минути од првото полувреме, кога резултатот беше 10:8. Пелистер сепак успева да постигне два гола и повторно да го израмни резултатот. До крајот на првиот дел Вардарци заминуваат на одмор со минимално водство од 12:11.

Избраниците на Чивлачки и Грчевски имаа добар старт на вториот дел, први постигнаа гол и ги вратија оние највисоки два гола предност 13:11. Сепак во продолжение од мечот следеше голем пад во нивната игра. Пелистер набргу прави серија од 0:3 и го презема водството. Од тие моменти Пелистер беше екипата која имаше предност. Во 40 минута, противникот стигнува и до позитива од 18:21, додека во еден момент имаа највисоки четири голови предност 19:23. Истава разлика се одржуваше и во последните пет минути од мечот, гостинот во тие моменти беше поблиску до триумфот. Сепак нашите надежи не се откажаа, дури и кога на две минути пред крај имаа негатива од 25:27. Последните два гола беа за Вардар, кои ни овозможија израмнување на резултатот на 27:27, што на крај се покажа како конечен.

Убедливо најефикасен во нашиот состав беше Филип Николов кој постигна 14 голови. Недостасуваше нашиот најдобар играч Мартин Карапалевски кој е повреден.

Вардар: Брунчевиќ, Ќосевски 3, Динев 1, Антевски 3, Миланов, Николов 14, Милошевски 1, Стојковски, Тушев, Атанасовски, Бикоски 3, Кизиќ, Нанов, Мисајлески, Радуловиќ 1, Стојчевски 1,