Младинската ракометна репрезентација се наоѓа на подготовки во Маврово, каде се подготвува за претстојниот ЕХФ Шампионат, кој во периодот од 20-29-ти јули ќе се одигра во СКопје, во С.Ц Борис Трајковски.
Предвидено е во Маврово да се одиграат два контролни натпревари со соодветната селекција на Црна Гора. На овие подоготвки, селекторот Данило Брестовац може да смета на 24 ракометари, од седум доаѓаат од ракометниот клуб на Вардар. Тоа се Андреј Петковски, Марко Кизиќ, Иван Димитровски, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Стефан Атанасовски и Игор Ѓорѓиев.
Македонија се наоѓа во група со Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија. По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето. Македонија во првата средба ќе се сретне со Велика Британија.