Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинската ракометна репрезентација започнува со контролни натпревари, како последна подготовка пред ЕП во Данска
Младинската ракометна репрезентација започнува со контролни натпревари, како последна подготовка пред ЕП во Данска

Младинската ракометна репрезентација започнува со контролни натпревари, како последна подготовка пред ЕП во Данска

Младинската ракометна репрезентација во наредниов период ќе биде активна со одигрување на контролни натпревари, како подготовка за европското првенство во Данска, кое ќе се игра во периодот од 28-ми јули до 7-ми август во Данска.

Од вчера избраниците на Александар Јовиќ се наоѓаат во Словенија, каде денес ќе го одиграат првиот од двата закажани натпревари со селекцијата на Словенија. Последна проверка за моменталната форма и квалитет на нашите млади репрезентативци ќе биде селекцијата на Хрватска, со која исто така ќе одиграме два контролни меча. Во сабота патуваме за Хрватска, каде остануваме до 27 јули, од каде директно ќе заминеме на мундијалот во Данска. Два играчи на Вардар ќе бидат дел од ова европско првенство во составот на Македонската репрезентација. Се работи за бековите Александар Димовски и Стефан Трпчевски.

Очекуваме достојно претставување на нашата репрезентација на ова првенство, на кое во група сме со домаќинот Данска, Норвешка и Холандија. Првенството го отвараме со дуел против врсниците од Норвешка.