Вчера во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во неговата мала и голема сала се одигра треттото коло во ракометната Вардар Јуниор Лига. Екипите на РК Будимир и РК Урдаревски триумфираа во машка категорија во мечевите за момци родени 2004 и 2005 година.
Во дуелот кој се одигра во малата сала се сретнаа екипите на Општина Кисела Вода Вардар и РК Будимир Вардар. Фотогалерија од овој дуел може да погледнете -тука. Момците на РК Будимир беа поуспешни во овој дуел со 6-12. Младите избраници на Адријана Будимир доминираа во текот на првиот дел кога и го добија мечот. Играа одлична одбрана го затворија голот и поведоа со 0-6. Потоа во последните минути конечно краток период во кој поуспешен е тимот на Кисела Вода, тој постигна во финишот два гола прими еден и го намали водството на Будимир на 2-7.
Во вториот дел се почна како и во првиот со целосна доминација на РК Будимир. Тие со гол го отворија вториот дел потоа “броеа до 11“. Со серија 0-4 поведова со дотогаш највисоки девет гола, односно 2-11. Момците на Опш. Кисела Вода како конечно да се разбудија по овој резултат докрајот беа далеку подобри од дотогашниот дел од мечот. Прават серија 4-1 со која само го ублажуваат поразот, мечот заврши 6-12. Кај победниците Аритонов имаше 4 гола, а Кимов 3 погодоци. Кај поразените, Стојановски, Петковски и Крстевски постигнаа по 2 гола.
Во дуелот кој се одигра во големата сала се сретнаа екипите на РК Урдаревски и РК Карпош, во овој дел момците на Урдаревски триумфираа со 13-7. Тие тргнаа офанзивно и го кршеа противникот нивни, Карпош од првата минута. Правејќи серија 5-0 наговестија како ќе заврши овој меч. Карпош до крајот намали на 5-1, сепак момците на РК Урдаревски со гол во финишот отидоа со “плус пет“ на одмор 6-1.
Вториот дел беше далеку порамноправен двата тима постигнаа во него по еднаков број голови односно по шест. Прв со два гола мечот во вториот дел го отвори Урдаревски поведувајќи со 8-1. Потоа следуваше серија 0-3 за Карпош со која намали 8-4. Со серија 3-0 Урдаревски ја враќа предноста и поведува со 11-4. По ова се е рутина победникот е познат, Мечот завршува со резултат 13-7. Кај победникот најдобар стрелец беше Петровски со 7 гола, а кај поразените Видевски постигна 3 гола.