Од каде ќе доаѓа најголемата опасност по нашиот гол на утрешниот натпревар!?
Секако најпрвин мислиме на Мелвин Ричардсон. Синот на француската легенда Џексон Ричардсон игра во извонредна форма оваа сезона иако неговиот тим е пред испаѓање уште во групната фаза. Ричардсон во овој момент е прв стрелец во Лигата на шампионите со 83 голови и сигурно утре ќе биде најголемата опасност по голот на Милосављев и Гедбан.
По Ричардсон, тука е уште еден десен бек кој е важна алка во францускиот тим. Се работи за добро познатото име Валентин Порт, кој оваа сезона е втор стрелец во овој тим со 41 постигнат погодок. Доколку Порт нема свој ден како што немаше на домашен терен против Вардар кога постигна само два гола, тогаш Канаје сигурно ќе биде во големи проблеми.
Левата бековска позиција на овој дуел ќе биде резервирана за Метју Греби и Тручановичиус. Греби се очекува да има поголема минутажа од Тручановичиус, кој оваа сезона игра очајно и има постигнато само 17 погодоци. Греби иако не е оној стариот од најдобрите денови, сепак сеуште е еден од главните адути на францускиот тим во нападот.
Тука не ги забораваме ниту легендарните Мишел Гигу и Вид Кавтичник, потоа средниот бек Килиан Вилеминот кој игра одлично сезонава, кружниот напаѓач Петерсон како и голманот Жерар. Поради повреда на овој дуел ќе го нема Симонет.
Останува да видиме како ќе се покажат сите овие играчи кај гостинскиот тим на утрешниот натпревар.