Monday ,07 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На денешен ден пред три години, Тимур Дибиров ја продолжи верноста кон Вардар до 2020 година
На денешен ден пред три години, Тимур Дибиров ја продолжи верноста кон Вардар до 2020 година

На денешен ден пред три години, Тимур Дибиров ја продолжи верноста кон Вардар до 2020 година

На овој датум пред три години својата верност кон Вардар до 2020 година ја продолжи Тимур Дибиров. Ова е четврта сезона за “летачкото“ крило во црвено-црниот дрес откако пристигна од екипата на Чеховски Медведи. Последниве три сезони Дибиров е најдобар стрелец со Вардар а најмногу постигнати голови во една сезона во лигата на шампиони има токму со екипата на Вардар. Минатата како и во сезоната 2014/15 ги заврши  со 78 голови, што моментално се најмногу во неговата кариера. До пред одигрување на утрешниот дуел против Сегед, Дибиров има постигнато 270 голови за Вардар. Како што споменавме по само една година откако дојде во Вардар, клубот се реши да го продолжи договорот со него се до 2020 година. Неговиот нов потпис се случи токму на овој датум пред три години. На истиов датум на верност кон Вардар до 2019 година се согласи и голманот Страхиња Милиќ.