Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најава на новото коло во ЛШ кое стартува денес, во дербито Вардар е домаќин на Веспрем
Најава на новото коло во ЛШ кое стартува денес, во дербито Вардар е домаќин на Веспрем

Најава на новото коло во ЛШ кое стартува денес, во дербито Вардар е домаќин на Веспрем

Со натпреварот вечерва меѓу екипите на Мотор Запорожје и Порто ќе стартува 10.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите.

Екипата на Мотор ќе се обиде да стигне до првиот триумф сезонава во најголемото натпреварување. Шампионот на Украина има само два освоени бодови, откако по еднаш ремизираа во дуелите, токму против Порто и во минатото коло кога направија големо изненадување, играјќи нерешено со тимот на Кил. Во Португалија, мечот на Порто и Мотор заврши со поделба на бодовите (35:35), што е знак дека и вечерва не очекува интересен дуел. Порто е најголемото изненадување сезонава во ЛШ, екипа која се наоѓа на 5.место на табелата со 10 освоени бодови. Мотор е во грчевита борба со екипата на Брест Мешков за избегнување на последната позиција во групата, која следната сезона ги спушта во послабите групи. Сигурно, дека освоениот бод против Кил, ќе биде дополнителен мотив за украинците, да стигнат до првиот триумф сезонава и да ги израдуваат своите навивачи.

Вардар на домашен терен ќе се обиде да ја прекине серијата од три меча без победа. Во С.Ц. Јане Сандански гостува екипата на Веспрем, која убедливо со девет голови разлика не совлада на првиот меч одигран во „Веспрем Арената“. Вардар се уште мака мачи да го состави тимот, па во наредниве два дека ќе биде попрецизно со кој состав ќе настапиме и на неделниот меч против Веспрем, кој на табелата се наоѓа на второто место веднаш зад тимот на Кил.

Киелце не би требало да има проблем пред своите навивачи, во дуелот со тимот на Брест Мешков. И првиот дуел одигран во Белорусија, го добија избраниците на Душебаев, кои се големи фаворити за освојување на бодовите и на саботниот дуел. Брест Мешков иако победи во минатото коло против Вардар, сепак се уште е далеку од 6.место кое носи пласман во 1/4 финалето, но затоа голема е борбата со Мотор за избегнување на последната позиција во групата.

Кил на домашен терен го пречекува тимот на Монпелје кој игра одлично сезонава. Кил е фаворит на овој дуел, па тешко е за верување дека нема да победи на вториот меч по ред во ЛШ, пред своите навивачи. Првиот дуел одигран во Франција му припадна на Кил кој славеше со резултат 30:33.

Термини за одигрување натпревари од 10.коло во групата Б:

Мотор Запорожје – Порто  18:00 ( среда)

Киелце – Брест Мешков  15:00  ( сабота)

Кил – Монпелје   17:30               ( сабота)

Вардар – Веспрем  17:00         ( недела)