Утре на програмата е ракометното дерби, во кое силите ќе ги одмерат екипите на Еурофарам Пелистер и Вардар.
Повторно, чест да го судат дербито го имаат судиите кои не се само најдобри во Македонија, туку и во светски рамки. Се работи за искусните Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои ќе ја делат правдата на утрешниот натпревар на двете екипи кои се претеденти за освојување на шампионската титула.
Натпреварот во среда ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ на кој е најавено присуство и од популарните Комити.