Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Наместо со Макс Струмица, новата сезона во сеха-лигата ќе ја отвориме со Војводина на домашен терен
Наместо со Макс Струмица, новата сезона во сеха-лигата ќе ја отвориме со Војводина на домашен терен

Наместо со Макс Струмица, новата сезона во сеха-лигата ќе ја отвориме со Војводина на домашен терен

Иако првично беше најавено дека новата сезона во сеха-лигата ќе ја отвориме со Макс Струмица, дојде до промена во распоредот на ова натпреварување. Својот прв натпревар во новата сезона на ова натпреварување ќе го одиграме на први септември против екипата на Војводина. Мечот ќе се одигра во спортскиот центар Јане Сандански. Дополнително во следниов период ќе биде одреден почетокот на одигрување на овој дуел. Пред стартот на сеха-лигата, Вардарци ќе се загреваат на “Вардар турнирот“ кој ќе се игра во периодот од 24-27-ми август во Скопје.

Распоредот за првите пет кола на Рк Вардар во Балканската лига:

1 коло: Вардар-Војводина 01.09.15

2 коло: Макс Струмица-Вардар 05.09.15

3 коло: Вардар-Нексе  09.09.15

4 коло: Загреб-Вардар  12.09.15

5 коло: Вардар- Татран Прешов 30.09.15

Нашиот шампион има најмногу трофеи во оваа лига, вкупно два и ќе оди во лов на третата титула во ова натпреварување. Нивни најголем конкурент се екипите на Веспрем и Загреб.