Нема одмор за нашиот ракометен шампион, кој веќе утре игра нов натпревар во рамките на СЕХА-лигата. После вчерашниот натпревар, црвено-црните се упатија за Прешов, каде утре играат против екипата на Татран. Натпреварот започнува од 18:00 часот, од кој ќе има директен пренос на МРТ-1.
Првиот дуел одигран во Скопје, го доби Вардар со резулат 32:28. Ова ќе биде последна подготовка, во пресрет на мечот од ЛШ, против екипата на Барселона.