РК Вардар за два дена ја започнува новата сезона во ракометната Лига на шампиони а навивачите на Вардар сеуште чекаат и незнаат каде ќе ги гледаат ТВ преносите на својот миленик и екс Европски шампион.
Работите засега се вакви: Македонската Радио Телевизија нема да ги пренесува натпреварите од ЛШ оваа година. До овој момент ниту една друга телевизија во нашата држава нема најава дека ќе пренесува. Од друга страна пак, пренос од дуелот Монпелје – Вардар в сабота ќе има, но, на Арена Спорт – 5, а во Македонија каналите на Арена ги има од еден до четири. Значи без петтиот канал, и оваа комбинација пропаѓа.
Па така, сега за сега работите се такви какви што се а навивачите на Вардар ќе мора да си бараат чаре преку интернет стримови.