Нашиот ракометен клуб Вардар е на чекор до одбрана на титулата и освојување на 11-та круна во македонската ракометна елита. Момците на Раул Гонзалес по вчерашната победа над Металург во дербито кое се одигра во “Јане Сандански“ се пласираа на врвот на табелата во плеј-оф сегментот во Супер лигата.
Теоретски сеуште не сме шампиони бидејќи мора да “одработиме“ неколку кола со тимови кои се тотални аутсајдери со нашиот европски состав. Па така нема многу време за одмор пред следниот предизвик во плеј-офот кој на програмата е веќе утре, сабота. Ние во ова ново коло сме домаќини, на гости ни доаѓа вториот битолски суперлигаш РК Еурофарм Работник. Средбата ќе се игра со почеток од 14-00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански”.