Уште еден вардарец се најде во составот на селекторот Брестовац, за претстојните квалификациски натпревари на Македонија против репрезентациите на Финска Швајцарија, за пласман на ЕП 2022.
Се работи за Гоце Георгиевски кој доби дополнителен повик од Данило Брестовац. Претходно на списокот се најдоа и Марко Кизиќ, Стојанче Стоилов, Марко Мишевски и Филип Талески.
Македонија ќе игра против Финска на 4 ноември во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски”, а потоа на 7 ноември гостуваме кај Швајцарија.