Тимот на РК Вардар означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона. На првиот собир кој попладнево се одржа во С.Ц. Јане Сандански, се појавија и новите засилувања на црвено-црните. Стас Скубе, Димитри Киселев, Сергеј Горбок и Дејан Милосављев ќе му дадат нов лик на поранешниот шампион на Европа. Единствено на првиот тренинг поради приватени причини недостасуваше, Иван Чупиќ, кој се очекува во наредните денови да се приклучи на тимот.