Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гајиќ: Ова ќе биде квалитетен натпревар, кој дефинитивно го заслужува епитетот меч на неделата
Гајиќ: Ова ќе биде квалитетен натпревар, кој дефинитивно го заслужува епитетот меч на неделата

Гајиќ: Ова ќе биде квалитетен натпревар, кој дефинитивно го заслужува епитетот меч на неделата

Според Драган Гајиќ, ракометарот на Веспрам, не постојат разлики и тајни меѓу неговиот тим и Вардар. Крилото на противникот исто така рече дека овој натпревар заслужено го носи епитетот натпревар на колото и дека по овој дуел многу работи ќе се знаат во оваа група.

„Не очекува интересен и добар натпревар, бидејќи имаме сличен систем на игра. Нема тајни меѓу екипите и играчите. Ова ќе биде квалитетен натпревар, која дефинитивно го заслужува епитетот меч на неделата. Овој дуел најверојатно и ќе одлучи за позициите во групата. Одиме за да победиме. Вардар ни ги зема поените во Веспрем, сега ние ќе се обидеме да си ги вратиме назад”, изјави Драган Гајиќ.