Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Играчи од РК Вардар повикани за подготовките на младинската машка селекција, за ЕХФ Шампионатот кој ќе се одигра во Скопје
Играчи од РК Вардар повикани за подготовките на младинската машка селекција, за ЕХФ Шампионатот кој ќе се одигра во Скопје

Играчи од РК Вардар повикани за подготовките на младинската машка селекција, за ЕХФ Шампионатот кој ќе се одигра во Скопје

Младинската машка ракометна репрезентација денес го има првиот собир, со што ќе означи старт на подготовките за ЕХФ Шампионатот, кој во периодот од 20-29 јули ќе се одигра во Скопје. Селекторот на оваа селекција, Данило Брестовац на овие подготовки повика 24 ракометари, меѓу кои има и играчи и од ракометниот клуб Вардар. Тоа се Андреј Петковски, Марко Кизиќ, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Стефан Атанасовски и Игор Ѓорѓиев.

Првиот собир денес е закажан да се одржи во спортската сала „Македонско Сонце“ во Скопје. Во сабота заминуваме за Маврово, каде ќе се одржи главниот дел од подготовките, по што ќе следи враќање во Скопје и продолжување на тренинзите.

На ЕХФ Шампионатот во Скопје, Македонија се наоѓа во група со Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија. По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето.