Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар освоија трето место, во дебитантската сезона на кадетската лига
Кадетите на РК Вардар освоија трето место, во дебитантската сезона на кадетската лига

Кадетите на РК Вардар освоија трето место, во дебитантската сезона на кадетската лига

Генерацијата на РК Вардар родени “2002“ година кои ја освоија пионерската лига, паралелно се натпреваруваа и во повозрасната категорија, екипи составени од играчи родени “2000“ година, односно во кадетската лига. Избраниците на Андријана Будимир направија голем успех со пласманот на завршниот турнир и освојување на бронзениот медал, во конкуренција на 18 екипи, кои земаа учество, поделени во три групи. Во регуларниот дел на сезоната, кадетите беа дел о групата 3 во која го освоија првото место. Одигравме вкупно 13 натпревари, на кои имавме 12 победи и 1 нерешен резултат, без ниту еден пораз. Имавме втор најдобар напад со постигнати 424 и прва најдобра одбрана со примени 234 голови.

Ова се сите постигнати резултати на кадетите на РК Вардар во регуларниот дел на сезоната:

vardarfans-1

1 коло: Вардар – Шампион 39:11

2 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  22:46

3 коло: Вардар – Пролет 62  31:26

4 коло: Металург - Вардар 25:26

5 коло: Вардар – ГРК Гостивар 35:15

6 коло: Вардар – Војнисон Вардар 38:11

7 коло: Бутел – Вардар 24:32

8 коло: Шампион – Вардар 0:10 ( службено)

9 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  35:21

10 коло: Пролет 62 - Вардар  21:24

11 коло: Вардар – Метаург 23:23

12 коло: ГРК Гостивар – Вардар  18:39

13 коло: Војнисон Вардар – Вардар  17:46

vardarfans-naslovna-22-660x330

На завршниот турнир кој се одигра во Прилеп, го освоивме третото место. Најпрво во полуфиналето бевме минимално поразени од екипата на Струга (28:29), за во малото финале да ја победиме екипата на Астраион од Струмица, дури по изведување на седмерци (26:27), откако во регуларниот дел мечот заврши без победник (23:23). Првото место беше за домаќинот на овој Ф4, тимот на Прилеп кој ја совлада Струга во финалето на кадетската лига. На крајот беше избран и најдобриот тим на завршниот турнир, како и најдобар стрелец. Токму играчот на Вардар, Бојан Чакалиќ е најдобар стрелец на завршниот тим, додека во идеалниот тим се најдоа уште двајца вардарци. Давид Савревски е најдобар десен бек, додека Симон Калајџиески е најдобро десно крило.