Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шпанија ја прегази Полска со 15 голови разлика, Кањелас втор стрелец со пет постигнати голови
Шпанија ја прегази Полска со 15 голови разлика, Кањелас втор стрелец со пет постигнати голови

Шпанија ја прегази Полска со 15 голови разлика, Кањелас втор стрелец со пет постигнати голови

Ракометната репрезентација на Шпанија стигна до треттата  победа на меѓународниот турнир, кој е во нивна организација со што го освои истиот. На дуелот кој се играше во Виго тие ја прегазија  Полска со петнаесет гола предност, домаќинот триумфираше со резултат  37-22 (17-12).

Натпреварот почна со почетно изненадувачко водство на Полска, гостите поведоа со 1-3 на самиот почеток. Следеше изедначување 4-4, потоа се играше гол за гол и постојано се изедначуваше резултатот на двете страни. Така беше се до 11-11 до 23.минута о овој натпревар. Во финишот со серија 6-1 “црвената фурија “ се одлепи и на одмор замина со “плус пет“ 17-12. Вториот дел мина во целосна доминација на домаќинот кој успеа да го зголемува водството постојано. Набргу стигнаа и до двоцифрена предност од 24:14 и на крајот се покажа како убедлива победа. Тие триумфираа со 15 голови разлика, односно со конечен резултат од 37-22.

Најефикасен кај шпанците беше Гурбиндо кој  постигна  шест голови, додека вардарецот Жоан Кањељас беше втор стрелец со пет постигнати голови. Шпанија забележа три победи од исто толку одиграни натпревари на турнирот. Претходно беа совладани селекциите на Белорусија и Аргентина. Ова беше последна подготовка за Шпанија, пред стартот на ЕП во Хрватска, каде се во група со селекциите на Чешка, Данска и Унгарија.