Вардар и ППД Загреб ќе играат во големото финале на СЕХА-лигата. Црвено-црните беа подобри од екипата на Брест Мешков (33:24), додека Загреб го совлада Целје (29:28). Нашиот шампион одигра феноменален натпревар во дуелот со белорусија, натпревар на кој имаа предност од првата па се до последната минута. Одличен меч одигра и нашиот среден бек, Игор Карачиќ, кој постигна четири голови од исто толку обиди.
-Имавме договор да стартуваме брзо од првата минута и верувам дека тоа го направивме на теренот против Брест Мешков. Нашата одбрана од 5-1 беше одлична што ни овозможи многу шанси за контранапад, од кои успеавме да постигнеме многу лесни голови. Како што се вели нашиот најголем противник сме самите ние. Влеговме во мечот максимално фокусирани, според играта што ја прикажвме против Брест верувам дека можеме секого да победиме, истакна по мечот, Игор Карачиќ.