Вардар во продолжението од сезоната ќе биде посилен за Васко Шеваљевиќ кој доаѓа од екипата на Истр од Франција. Се работи за 32-годишен репрезентативец на Црна Гора кој има богата играчка кариера.
Со неговото донесување, Алушовски ќе има поширок избор на левата бековска позиција, каде моментално играат Талевски и Дисингер. За трансферот на Шеваљевиќ се огласи и првиот човек на Вардар 1961 кој смета дека Вардар ќе ги оствари своите цели за оваа натпреварувачка сезона.
-Со доведувањето на Шеваљевиќ ја засилуваме бековската линија за која увидовме дека и треба дополнителен играч. Со неговото ангажирање сметаме дека ќе бидеме уште поконкурентни во продолженито на сезоната и ќе ги оствариме нашите цели а тоа е четврт-финале на ЕХФ лигата на шампионите, Ф4 во СЕХА лигата и титулата во домашното првенство, изјави Михајло Михајловски, претседателот на Вардар 1961.