Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мотор ослабнат ќе допатува во Скопје, два бека заминаа во Русија
Мотор ослабнат ќе допатува во Скопје, два бека заминаа во Русија

Мотор ослабнат ќе допатува во Скопје, два бека заминаа во Русија

Европскиот првак, РК Вардар утре ќе го игра првиот официјален натпревар во 2020 година. Ние во дуел од ЕХФ Лигата на шампиони гостуваме во Германија, кај лидерот на табелата во нашата група тимот на Кил. Следниот предизвик на 15.февруари е домашниот натпревар со тимот на Мотор Запорожје. 

Веќе за првиот домашен натпревар во шампионската лига се пуштени билети во продажба, повеќе информации на следниот ЛИНК. Украинскиот тим во Скопје ќе дојде значајно ослабнат во однос на првата полусезона. Кормиларот на нашиот ривал,  Ланевич остана без услугите на  двајца важни играчи, Станислав Жуков и Денер Јанима, кои заминаа во  тимот на РК  Спартак Москва. Станува збор за играчи кои играа на левата и десната бековска позиција во тимот на Мотор, па нашите шанси за успех додатно се зголемуваат.

Натпреварот   Вардар и Мотор Запорожје во   во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра на 15 февруари со почеток во 17:30 часот.