Овој викенд, РК Вардар Јуниор го одигра и третиот натпревар од најсилната Супер лига во ракомет. Нашите момци и на третиот натпревар не успеаа да славата победа. Овој пат, подобар тим беше РК Радовиш. Радовишаните пред својата публика не совладаа со резултат 31-25.
Радовиш уште од самиот старт прикажал подобар ракомет, а нашиот тренер Петрушевски бил приморан да бара минута одмор уште во десеттата минута од мечот. Потоа Радовиш до крајот на првиот дел само ја зголемувал предноста. Во вториот дел домаќинот повторно одиграл поквалитетен ракомет, додека пак нашите момци биле немоќни да направат нешто повеќе. На крајот, нашиот тим загубил со шест голови разлика.
ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Ѓорѓески, Димов, Анѓелковски, Димовски, Георгиевски 4, Димитровски 1, Ангелов 4, Анастасовски 2, Поповски, Трпчевски 1, Стојковски 1, Манасков 2, Кукуловски 5, Вујачиќ 3, Ончев 2.
Радовиш: Паунов 1, Марков, Долдуров 1, Ѓорѓиев 1, Милосављевиќ 9, Фенов 3, Соколов 4, Чизмовиќ 3, Спасков, Постолов, Мачевалов 2, Петрушевски 4, Ристов, Борисов, Спасов, Левов 3.