Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Загреб беше подобар и помотивиран, мораме да играме подобро на следните натпревари
Парондо: Загреб беше подобар и помотивиран, мораме да играме подобро на следните натпревари

Парондо: Загреб беше подобар и помотивиран, мораме да играме подобро на следните натпревари

Екипата на Загреб ја прекина серијата од 31 натпревар без пораз во СЕХА-лигата за Вардар. Избраниците на Лино Червар беа подобри во второто полувреме и на крајот славеа победа, изразена со резултат 26:23. Вардар не успеа да се рехабилитира од поразот во Киелце, па и на денешниот дуел не можеше да ја пронајде својата вистинска игра, која го красеше тимот на претходните мечеви. На прес-конферецијата после завршување на дуелот, тренерот на Вардар, Гарсија Парондо го изјави следново:

-Загреб денес беа подобри,  мотивирани и поуспешни на крајот Не можевме целосно да се опоравиме по натпреварот во недела против Келце, но ова дефинитивно не е изговор. Мораме да играме подобро, без оглед на околностите и верувам дека ќе бидеме подобри на следните натпревари.