Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Најтешко ни е што изгубивме двајца играчи, но ќе дадеме максимум против Брест
Парондо: Најтешко ни е што изгубивме двајца играчи, но ќе дадеме максимум против Брест

Парондо: Најтешко ни е што изгубивме двајца играчи, но ќе дадеме максимум против Брест

Утре со почеток во 17-00 часот по македонско време во рамки на 9.коло од шампионската лига, РК Вардар гостува кај тимот на Брест Мешков. Овој дуел е важен за борбата на црвено-црните за подобра позиција на табелата, ситуацијата се искомпликува по двата врзани порази од Барселона. Главоболките за Парондо немаат крај тој од почетокот на сезоната изгуби три клучни играчи поради повреди. Шпанецот за утрешниот дуел има свое видување:

Зад нас  две тешки недели, во кои игравме два натпревари со многу силен противник. Се обидовме да дојдеме до победа против Барселона, но не успеавме. Изгубивме двајца важни играчи, тоа е најстрашно, сега сме без Мораес и Борозан. Борозан се обидуваше, но не може да игра. Имаше силна болка, која можеше да предизвика дополнителен проблем и затоа одлучивме да се оперира.  Брест е многу силен противник. Незгоден и тешко е да се победи, особено кога игра на свој терен. Ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што можеме и сигурен сум дека играчите ќе дадат сè што имаат за победа. Мешков Брест е многу силен противник. Незгоден и тешко е да се победи, особено кога игра на свој терен. Ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што можеме и сигурен сум дека играчите ќе дадат сè што имаат за победа- вели Парондо во изјава за медиумите за овој меч.