Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Полуфинале за РК Илинден, Гостивар, Карпош-Куманово и РК Бисинов во машкиот дел генер. 2004/05 на зимскиот турнир

Полуфинале за РК Илинден, Гостивар, Карпош-Куманово и РК Бисинов во машкиот дел генер. 2004/05 на зимскиот турнир

Утрово стартуваше третото коло на зимскиот ракометен турнир во машкиот дел кај генерација родени 2004/05 година. Во спортската сала на О/У. Круме Кепески и С.Р.Ц. Кале стартуваа мечевите од третото и последно коло по групи. Познати се и полуфиналистите на турнирот.

Први во рамките на групата В, отворија екипите на Опш.Кисела Вода и РК Урдаревски. Во две различни полувремиња победата им припадна наРК Урдаревски. Во текот на првите 15 минути, екипата на Кисела Вода беше во постојана предност, а највисоката беше два гола разлика (3:1 и 4:2). По првото полувреме резултатот гласеше 4:3. На стартот на второто полувреме, Урдаревски го израмни резултатот на 4:4, но во следниот напад Кисела Вода го враќа водството од 5:4. Од тој момент Урдаревски прави серија од 0:3 за прв пат на мечот да има два гола предност 5:7. Сепак Кисела Вода не се предаде и успева да го израмни резултатот на 7:7. Последниот гол на натпреварот им припадна на Урдаревски за конечен триумф од 7:8

Во групата Г, третото коло го отворија екипите на РК Будимир и Балтепе, кои одиграа со нерешен резултат (7:7). Во текот на целото прво полувреме се играше гол за гол на двете страни, за на полувреме да се замине со минимална предност на екипата од Тетово (4:5). На самиот старт на вториот дел зголемија Балтепе на 4:6. Следи израмнување на 6:6, по што двете екипи постигнуваат по уште еден гол, за конечни 7:7.

Групата Г ја комплетираа екипите на Ангели и Илинден. Тука победата беше за екипата на Илинден. Избраниците на Дарко и Александра Јанев имаа предност од 2:5, за во следните три минути, екипата на Ангели да го израмни резултатот на 5:5. До крајот на првото полувреме се игра гол за гол, па така на полувреме резултатот беше израмнет на 7:7. И во второто полувреме гледавме многу израмнет натпревар и ниедна од двете екипи не успеа да поведе со повеќе од еден гол. Последните пет минути им припаднаа на РК Илинден кои при нерешен резултат од 11:11, направија серија од 1:3 и на крајот стигнаа до триумф со конечен резултат од 12:14. Илинден како првопалсиран во оваа група ќе игра во полуфиналето на турнирот.

Во поледното коло од групата В се сретнаа екипите на РК Вардар-Виница и РК Карпош од Куманово. Екипата од Куманово на стартот се одлепи резултатски о:3 и оваа предност ја одржуваа до крајот на првото полувреме, кога резултатот беше 4:7. Во второто полувреме, Карпош постигна само еден гол, кој на крај се покажа како доволен за триумф, бидејќи екипата од Виница само на два пати ја затресоа мрежата на противникот. На крај победа за РК Карпош со резултат 7:8. На овој начин екипата на РК карпош го освои првото место во групата.

Во истава генерација во машка конкуренција, пак се одиграа натпревари од последното коло во групите на А и Б. Беа постигнати следниве резултати.

РК Асови Вардар – РК Бутел Вардар (група А)  8:13
РК Драчево Вардар – ГРК Гостивар Вардар (група Б)  7:16

РК Шампион Вардар – РК Бисинов Вардар (група А)  6:14
РК Вардар ДБ – РК Филип Вардар (група Б)   8:9

Тука во најдобрите четири екипи се пласираа екипите на Гостивар и Бисинов.

Веќе се познати и сите полуфиналисти во машкиот дел на зимскиот турнир, кај генерација родени 2004/05. Полуфиналните двојки се следниве:

13.30 часот: Бисинов Вардар – Карпош Вардар
14,20 часот: Гостивар Вардар – Илинден Вардар