На 1.јули, се уште актуелниот Европски Шампион ќе ги дознае противниците во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Во новата сезона ќе гледаме нов формат на натпреварување, во кое ќе учествуваат само 16 екипи. ЕХФ веќе одреди кои тимови ќе се натпреваруваат во ЛШ, како и шеширите во пресрет на ждрепката.
Екипите ќе бидат поделени во две групи, а новата сезона во ЛШ треба да стартува на 14 или 15.септември и предвидено е групната фаза да заврши на 3/4.март следната година.
Само првопласираните две екипи од групите ќе обезбедат директен пласман во четврт-финалето, додека екипите кои ќе се пласираат од 3-6 место ќе играат во плеј-офот, односно во осминафиналето. Оваа елиминациска рунда треба да се одигра во периодот од 31.март до 8.април, кога ќе бидат познати и останатати четири екипи кои ќе обезбедат пласман во 1/4 финалето. Ќе се игра по принципот A3 со B6, A4 со B5, A5 со B4, со A6 vs B3.
Четврт-финалните дуели се предвидени да се одиграат во периодот од 12/13.мај до 19/20.мај, а победниците ќе се пласираа на завршниот турнир во Келн, кој во 2021 година е предвиден да се одржи на 12 и 13.јуни.