Monday ,07 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати саатниците на завршниот турнир во СЕХА-лигата, Вардар и Брест Мешков во вечерен термин од 20:15 часот
Познати саатниците на завршниот турнир во СЕХА-лигата, Вардар и Брест Мешков во вечерен термин од 20:15 часот

Познати саатниците на завршниот турнир во СЕХА-лигата, Вардар и Брест Мешков во вечерен термин од 20:15 часот

СЕХА Гаспром лигата ги одреди саатниците за полуфиналните мечеви на завршниот турнир во ова натпеварување. Познато е дека Вардар во полуфиналето ќе игра против екипата  на Брест Мешков, а овој дуел ќе се одигра на 13-ти април ( петок) во вечерен термин од 20:15 часот. Претходно во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на ППД Загреб и Целје П.Л, натпревар кој е закажан да се одигра од 17:45 часот.

Во истите саатниците ќе бидат одиграни и завршните мечеви, кои се закажани за 15-ти април (недела). Натпреварот за третото место е закажан да започне од 17:45 часот, додека големото финале на програмата е во 20:15 часот. Вардар е најтрофеен тим во СЕХА-лигата, со вкупно три титули, додека Веспрем има две, а ППД Загреб еден трофеј.

Овие денови ќе бидат празник на ракометот во С.Ц. Јане Сандански, со оглед дека на 14-ти април, ЖРК Вардар ќе го одигра реваншот од 1/4 против екипата на Митјиланд.