Вечерва на првиот меч од четврт-финалето во ЕХФ лигата на шампионите Вардар го совлада Флензбург со 26-24 (15-9) . По ова сме на чекор до пласман на Ф-4 завршнио турнир од Лигата на шампионите. Раул Гонзалес тренер на Вардар за медиумите изјави:
Флензбург играше одлично. Во првото полувреме нашата одбрана беше одлична и нашиот голман перфектен. Но, потоа Флензбург играше многу подобро и успеаја да намалат. Мораме да знаеме дека ова е само прво полувреме, и дека Флензбург игра многу брзо и многу убаво. Ги очекуваме во Скопје.
Алекс Душебаев играч беше еден од најдобрите кај Вардар тој постигна пет гола на овој дуел. Одигра на ниво тој за првиот меч од овој двобој изјави:
Одигравме добро вечерва. Сите од тимот одиграа добро. Ова е само прв дел. Ние сме само 50 отсто поблиску до Ф4, но во Скопје знаеме дека ќе биде исто тешко. Флензбург има добар тим. Тие играа добро и верувам ќе имаме уште еден неизвесен натпревар.