Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Акција на РК Вардар: Кој вози одговорно си доби билети за ЛШ
(ВИДЕО) Акција на РК Вардар: Кој вози одговорно си доби билети за ЛШ

(ВИДЕО) Акција на РК Вардар: Кој вози одговорно си доби билети за ЛШ

Акција на РК Вардар и МВР  “Кој вози одговорно си доби билети за ЛШ“ се спроведе на скопските улици.

Сообраќајната култура е важен дел од живеењето, а Вардар во пресрет на натпреврот на неделата од Лигата на шампионите против Рајн Некар ги награди оние што „возат одговорно“. Во населбата Аеродром заедно со сообраќајната полиција беше направена контрола на одреден број возила. Оние што ги почитуваа сообраќајните правила си добија билет за мечот во сабота.

Нашиот капитен Стојанче Стоилов заедно со Даинис Криштопанс беа во улога на асистенти на сообраќајната полиција. Заедно беа контролирани одреден број на учесници во сообраќајот.
Оние што не ги користеа безбедносните ремени во возилата добија предупредување, а оние што се придржуваа до сите сообраќајни правила беа наградени со билет.

Средбата Вардар – Рајн Некар е прогласен за меч на колото во лигата на шампионите. Дуелот е закажан за во сабота, 6 октомври во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Оние што сакаат да купат билети тоа може да го сторат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот или преку www.ticketplus.mk.

ВИДЕО ПОГЛЕДНИ ГО- ТУКА