Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Сите победници во изминатите шест сезони на СЕХА, кој ќе триумфира во седмата
(ВИДЕО) Сите победници во изминатите шест сезони на СЕХА, кој ќе триумфира во седмата

(ВИДЕО) Сите победници во изминатите шест сезони на СЕХА, кој ќе триумфира во седмата

Кој ќе биде победник на завршниот турнир во седмата сезона на СЕХА-лигата, прашање на кое одговор ќе добиеме на 15-ти април. СЕХА направи видео со сите победници во претходните шест сезони во ова натпреварување. Вардар победи во првата, третата и шесттата сезона на СЕХА, во втората триумфираше Загреб, додека во четвртата и петтата сезона како победник излезе екипата на Веспрем.

По втор пат, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата, а прв пат Ф4 ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Вардар има можност пред својата публика да го освои и четвртиот трофеј, а првата пречка кон остварување на целта ќе биде екипата на Брест Мешков. Во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на ППД Загреб и Целје П.Л.