Вардар имаше фантастичен дуел на мечот со Пик Сегед. Црвено-црните доминираа на првиот 1/4-финален меч во Лигата на шампионите. На оваа средба на која триумфиравме со 31-23, одлични беа Игор Карачиќ и Данис Кристопанс кои постигнаа по осум голови. Тоа не остана не забележано, па Карачиќ е најдобриот среден бек, а Кристопанс го има признанието за десен бек во овие први дуели.
Изборот на топ-7 играчи во оваа прва 1/4-финална рунда може да го погледнете ОВДЕ!