Нема што многу да се збори за вонсерискиот квалитет на нашиот голман Арпад Штербик, тој деценија и нешто е најдобриот голман на планатата. Истиот редовно впишува двоцифрен број одбрани зад своето име и секогаш е столб околу кој се гради одбраната на Вардар. Тој во мечот со Киелце, европскиот шампион, блесна и беше еден од најважните двигатели на победата. Ова не остана не забележано од ЕХФ ТВ доби дури две признанија. Арпад Штербик ја има најубавата одбрана на ова коло по удар од 7 метри. Покрај тоа тој е избан и за голман на колото т.е. е дел од иделаниот тим. Во иделаниот тим покрај него имаше место и за нашиот среден бек Игор Карачиќ кој беше извореден и беспрекорен со што обезбеди место во иделната топ-7 постава на колото.
Видеото од изборот за иделниот тим во 6.коло може да го погледнете-Овде, а топ-5 одбраните каде што Штербик е на врвот погледнете ги -тука.