Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Матија Николиќ е ново засилување за РК Вардар
Матија Николиќ е ново засилување за РК Вардар

Матија Николиќ е ново засилување за РК Вардар

Според информациите од српскиот медиум „Mozzartsport“, екипата на РК Вардар ќе се засили со уште еден играч од Србија. Се работи за Матија Николиќ кој доаѓа од екипата на Урбанскејп Лока.

Се работи за 21-годишен играч кој настапува на позицијата лев и среден бек. За неговите услуги биле заинтересирани неколку екипи, но Николиќ се одлучил кариерата да ја продолжи во Вардар.

Николиќ е новиот српски ракометар, кој заедно со Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и „староседелецот“ Дарко Ѓукиќ, во новата сезона ќе настапуваат за двократниот Европски Шампион.

Се очекува во брзо време и РК Вардар на својата официјална страница да ги претстави сите нови засилувања, како и планот за подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.